Hristijanstvo
(makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 7 | Nivo:
Gimnazija
Историјата на
христијанството се однесува на христијанската религија и христијанската црква,
чии почетоци започнуваат од мисионерството на Исус Христос и неговите дванаесет
апостоли сè до ден денеска.
Историјата на христијанството започнува во 1 век
во Ерусалим. Како државна религија за прв пат била воведена во Ерменија во 301
или 314 година, во Етиопија во 325 година, Грузија во 337 година, Римска
империја во 380. Во текот на својата историја, христијанството се раширило
скоро по целиот свет и денеска, таа е најголемата религија со најмногу верници
на светот. Во својата историја, дошло и до различни религиозни спорови и тие
довеле до создавање на различни гледања на христијанството. Денес, најголеми
христијански цркви се Римокатоличка црква и Православната црква.
Христијаните веруваат дека три денови по смртта,
Исус и телото воскреснале од мртвите, и дека празната гробница ја сметаат за
историски факт . Неговите следбеници пишуваат дека тој им се јавил на учениците
во Галилеја и Ерусалим, и дека Исус на земјта останал уште четириесет дена пред
неговото Воскресение, оставајќи порака дека повторно ќе се врати. Основните
податоци од животот и делото на Исус доаѓа од четирите евангелија и творбите на
Апостол Павле.
Рано христијанство - Раното христијанство се
однесува на периодот кога религијата била распространувана во грчко-римскиот
свет и надвор од него во периодот од 1 век до неговото воведувањето како
државна религија од страна на Константин I Велики во Римската империја во 313
година и Првиот Вселенски собор во Никеја во 325 година. Раното христијанство
може да биде распределено на два периоди: апостолски период, кога апостолите
проповедале на различни места, и поаспостолски период кога религијата била
распространувана од страна на бискупите на новата црква.
Апостолскиот период, наречен и примитивен бил
воден од страна на директните следбеници на Исус и неговите апостоли. Исус
Христос проповедел главно пред еврејскиот народ, повикувајќи ги да тргнат по
неговиот пат.
Поапостолски период - Од самиот почеток,
христијаните станале објект на различни прогони. Тоа започнало со смртта на
Свети Стефан и Апостол Јаков. Меѓу првите прогони од историјата на
христијанството се случила во 64 година во времето на Нерон и големиот пожар во
Рим. Овој период се однесува на времето по смртта на апостолите и времето кога
епископите се наложиле како водачи на христијанското население. Овој обичај кој
започнал во текот на прогонувањата на христијаните продолжува и со неговата
легализација и неговото воведување како државна религија во Римската империја
од страна на Константин I Велики. Со ширењето на христијанството дошло до
придобивање на нови членови кои биле добро образовани.
Христијанската уметност се појавила малку
покасно. Првите христијански слики се појавиле околу 200-та година, но постојат
и докази кои тврдат дека т.н. мали домашни икони биле користени и многу порано.
Во почетокот сите овие слики или икони биле забранети. Најраните катакомби и
саркофази датираат од почетокот на 3 век.
Улога на раното христијанство - Новиот Завет
зборува за важноста и поддршката околу толкувањето и прифаќањето на
христијанството. Всушност, во раната црква главната задача на епископите им
била да ги оттргнат од верниците т.н. лажни пророци кои проповедале низ народот
(подоцна наречени ереси).
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!